ПСМ на Светската конференција за претприемништво 2009 во САД
На покана од Кауфман Фондација (www.kauffman.org), претставници од ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), земаа учество на Светската конференцијата за претприемништво 2009 на која тие ги споделија своите успеси и предизвици со другите домаќини организации на Глобалната Недела на претприемништвото 2008 од 70 различни земји од светот. Воедно имаа можност да ги слушнат водечките експерти во истражување и развој во областа на претприемништвото , кои ќе им користат на сите организации за надминување на предизвиците при организирање на Глобалната Недела на претприемништвото 2009. На оваа конференција беа одговорени многу прашања во врска со дилемите на организациите, преку презентации, но и состаноци еден на еден, кои резултираа со можности за идна соработка меѓу организациите.
Фирмата Брокер ја освои втората награда на ECABit Натпревар за иновативни бизнис идеи
Фирмата Брокер (www.broker.com.mk) ја освои втората награда на ECABit Натпреварот за иновативни бизнис идеи http://www.ecabit.org/?p=227) организиран од страна на мрежата на Инкубатори ИнфоДев финансирана од Светска Банка за земјите од Југоисточна Европа и Централна Азија. Локален координатор и организатор на овој натпревар за Македонија е ПСМ Фондација
(www.yesincubator.org.mk) која го промовирање локално во Македонија и беше дел од интернационалното жири за избирање на најиновативните бизнис идеи. Фирмата Брокер заедно со другите две наградени фирми ќе патуваат на Глобалниот Форум за Бизнис Инкубација во Октомври во Бразил каде што ќе можат да ги презентираат нивните бизнис идеи пред група на финансиери (venture capitalists) со цел финансирање на нивните бизниси. Фирмата Брокер е наградена за финансиската платформа Finex Pro.
|
|
Ова е втора интернационална награда за фирмата Брокер за помалку од година дена постоење. Фирмата веќе е добитник на наградата World Summit Award за е-бизнис и трговија во Македонија. |
Посета на претставници од фирмите од ПСМ на бизнис инкубатори во Данска
Во соработка со Балканската Фондација за Млади (www.balkanyouth.org) во Македонија, претставници од две фирми во
ПСМ, КАС Студио и Иновејшн, беа дел од проектот воден од Дански бизнис инкубатор за размена и соработка помеѓу млади луѓе од земјите Данска, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Англија. Како дел од овој проект тројца претставници од ПСМ во периодот од 16 до 22 март, престојуваа во Данска каде што посетија неколку бизнис инкубатори и се запознаа со млади претприемачи со кои ги споделија своите искуства и знаења. Благодарение на Балканската Фондација за Млади (www.balkanyouth.org ), младите претприемачи од ПСМ добија исклучителна можност за нетворкинг и дружење со тамошните претприемачи со цел идна соработка и пријателства.
Нови фирми во ПСМ Инкубатор
Во текот на месец април, две нови фирми влегоа во ПСМ Инкубаторот (www.yesincubator.org.mk). Тоа се фирмите Ексквизит и Д План. Ексквизит доо (www.ex.mk; www.exquisite.mk) Скопје е првиот Македонски виртуелен шопинг центар, оформен во рамки на ПСМ Фондацијата, нудејќи широк избор на производи со достапни цени, безбедно плаќање преку интернет и достава до нарачателот. Визија на Ексквизит доо Скопје е да стане најбезбеден и најкористен веб портал во Македонија со најголема палета на производи кои ги задоволуваат потребите на е-потрошувачите. Мисијата е континуирано зголемување на видовите на производи, по конкурентни цени, безбедно е-плаќање и испорака на принцип „врата до врата“.
Д’ План дооел Скопје (www.cargoauctions.com) е компанија која промовира иновации во полето на транспортниот сообраќај базирани на информатичката технологија. Покрај изработката на веб базирани софтверски и системски решенија, примарната цел е постоењето на Call Center-от преку кој би се извршува глобална маркетинг кампања во Северна Америка, Европа како и на останатите региони во светот. Идејата на целиот проект е да го забрза, поедностави и поефтини целокупниот процес на менаџирање на пратките во транспортниот сообраќај по електронски пат.
Запознајте ги станарите во ПСМ Инкубаторот
More |