Прес конференција во ПСМ Фондација
На 16ти јуни, во просториите на ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), беше организирана прес конференција за промовирање на најновите активности. Покрај поканетите медиуми, почесни гости беа и Градоначалникот на Oпштина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), г-динот Тони Трајковски, Државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања (www.sep.gov.mk), г-динот Перо Димшоски и Г-ца Ундхајм Ева, аташе во Амбасадата на Кралството Норвешка (www.norway.org.mk).
Две компании-станари, беа промовирани на прес конференцијата. Игор Крстев, менаџер на, “ИксСофт” (www.xsoft.mk), го презентираше првиот Македонски софтвер за поставување на електронски продавници на Интернет. Дарко Наумоски, менаџер во “ИКТ Креатив” (www.ictcreative.com.mk), имаше прилика да ја презентира неговата агенција, чија што бизнис цел е да го обои сивилото на маркетингот, преку користење на нов и моќен интерактивен медиум.
Официјално отворање на канцеларијата за развој на Скопскиот плански регион во просториите на ПСМ
Канцеларијата на Скопскиот плански регион, беше официјално отворена на 25ти јуни во просториите на бизнис инкубаторот, како дел од ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk). Покрај претседателот на Скопскиот плански регион и Градоначалник на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), г-динот Тони Трајковски, 17 други градоначалници беа присутни на седницата. Скопскиот плански регион е составен од 17 општини и Градот Скопје, а ќе започне со работа на 1ви август во просториите на ПСМ.
Успешна соработка помеѓу ПСМ Фондација и канцеларијата за Германска Техничка Соработка, за Регионален Економски Развој, во Македонија
ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk) учевствува како партнер во проектот за регионален економски развој предводен од канцеларијата на ГТЗ РЕД во Македонија, (www.gtz.de). Проектот покрива четири региони во Македонија, Источен, Југо-Источен, Полошки и Југо-Западен. Улогата на ПСМ Фондација, како партнер во проектот, е да ги презентира услугите кои ги нуди и да истражи дали ПСМ моделот на работење може да биде реплициран во тие региони, со цел локален економски развој, преку стимулирање на претприемничкиот дух помеѓу младите и жените, при тоа намалувајќи ја стапката на невработеност кај овие групи.
Виртуелни станари во бизнис инкубаторот
Од пред неколку месеци, ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), им овозможува нова услуга на претприемачите, виртуелна бизнис инкубација. Да се биде виртуелен член на инкубаторот, значи можност на членовите да ги користат сите услуги на бизнис инкубаторот, освен да бидат физички присутни со канцеларија во просториите на ПСМ.
Во моментов, 5 компании се виртуелни станари на ПСМ бизнис инкубаторот: “Презент” (www.prezent.com.mk), “ПиСофт” (www.pi.com.mk), “Софтвер Лаборатори” (www.softwarelaboratory.net), “Линк Солушнс” (www.linksolutions.com.mk) и “ДТС Корп” (www.dtscorporation.net).
Награда “World Quality Commitment (WQC)” за “АдвертСМС” и “Брокер Инц”
Конгресот за Бизнис Иницијативи, со Мадрид, Лондон, Париз, Женева, Франкфурт и Њујорк, во изминативе 10 месеци, собираа компании од 94 земји. Врз основа на прописите и критериумите на World Quality Commitment за моделот на Менаџментот на Вкупен Квалитет, “АдвертСМС” (www.advertsms.com.mk), и “Брокер Инц” (www.broker.com.mk), компании-станари, во ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), се именувани да примат WQC Интернационална Награда Ѕвезда, во Златната категорија, во Париз. Оваа престижна награда, давана од лидери на лидери, е спонзорирана од 26 медиумски покровители (www.imarpress.com), сите ориентирани кон промените и пазарните трендови, фокусирани на иновација, растечки брендови, технологија, нови производи, бизнис вести и финансии.
“AдвертСМС” - еден од победниците на Натпреварот на Глобални Иноватори 2009, огласено од infoDev
infoDev (www.idisc.net) објави дека избрана е компанијата “AдвертСМС” (www.advertsms.com.mk), компанија-станар во ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), како едни од единаесетте претприемачи, чии успешни приказни ќе бидат презентирани на Третиот Глобален Форум за Иновација и Претприемништво на infoDev во Октомври 2009.
“АдвертСМС” го револуционизира маркетингот во Македонија. Користејќи ги популарните СМС пораки, “АдвертСМС”, ги поврзува бизнис секторот и потрошувачите на помодерен начин од кога било порано. Нивниот успех е исклучителен, но “АдвертСМС” продолжува да бара нови можности, како на национално, така и на интернационално ниво.
Запознајте ги станарите во ПСМ Инкубаторот
Станари:
Виртуелни станари:
|