Can't read this newsletter? Click here to see it in your browser

Newsletter #16

Пријавени сте како %%emailaddress%%

Учество на ПСМ на “Европскиот ден на претприемачот”

ПСМ Фондација (www.yesincubator.org.mk), учествуваше со свој штанд на конференцијата по повод “Европскиот ден на Претприемачот”, која се одржа на 08.05.2009 година, во хотелот Александар Палас во Скопје. На конференцијата присуствуваа различни организации кои го подржуваат претприемништвото, како и многу претприемачи. Фондацијата која преку своите активности директно го помага претприемништвото преку поддршка и развој на секторот на мали и средни претпријатија, бизнис план натпревари и обуки за развој на претприемнички вештини, покрај свој штанд, презентираше за успешната соработка со Општина Гази Баба и дел од проектите на ПСМ за поддршка на претприемништвото во Македонија.

ПСМ на Саемите за кариера во организација на АИСЕК и ЈИЕУ

Во тек на месеците април и мај, ПСМ Фондација учествуваше на Саемите за кариера во организација на АИСЕК и Универзитетот на Југоисточна Европа. На 7 и 8 мај на Економскиот факултет во Скопје, во организација на АИСЕК се одржа Саемот за Кариера за студентите од Економскиот факултет во Скопје. ПСМ ги презентираше своите услуги на студентите како и ја промовираше можноста за само-вработување помеѓу младите економисти. На 21 мај во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа Саемот за Кариера за студентите од овој Универзитет. ПСМ Фондација ги промовираше своите услуги на студентите од тетовскиот, гостиварскиот, скопскиот и косовскиот регион со цел стимулирање на претприемништвото и само-вработувањето помеѓу нив.


Нови компании во ПСМ Инкубатор

Во тек на месец мај, компанијата ПиСофт (http://pi.com.mk/) поради зголемен обем на работа и број на вработени го напушти бизнис инкубаторот и замина во поголем канцелариски простор во центарот на градот. Во моментот функционираат како виртуелна членка на ПСМ. На нивно место, во Инкубаторот влегоа две нови фирми основани од млади луѓе, Бренд Онлајн и ИксСофт. Бренд Онлајн ќе биде веб портал преку кој ќе се продаваат брендирани производи во Македонија. ИксСофт (www.xsoft.mk) ќе работи развој и продажба на веб базиран софтвер за фирмите во Македонија. Идејата е проширување на бизнисот во регионот во блиска иднина.


Обуки во ПСМ Инкубатор

Во тек на месец мај, за потребите на фирмите станари во ПСМ, неколку обуки на тема “Будење на креативноста” , “Рекламни пораки” и “Продажни техники” беа организирани. Исто такa, како дел од соработката со Сојузот на Стопански комори (www.sojuzkomori.org.mk) , две фирми од ПСМ учествуваа на ЛИДЕР обуките за претприемништво и бизнис организирани од 11 до 22 мај од страна на МБА студенти од Универзитетот во Западно Онтарио. Овие обуки се дел од соработката на Сојузот на Стопански комори со Macedonia 2025 (www.macedonia2025.com) за подобрување на бизнис компетенциите на менаџерите од МСП секторот во Македонија. Неколку фирми членки на Комората заедно со две фирми од ПСМ Инкубаторот добија можност за учество на оваа програма. ПСМ и понатаму ќе ја продолжи успешната соработка со Сојузот на Стопанските комори (www.sojuzkomori.org.mk) со цел овозможување на подобри услуги за своите фирми станари.


Запознајте ги станарите во ПСМ Инкубаторот



# More



Поддржано од Владата на Норвешка, во соработка со Владата на Република Македонија.


Доколку не сакате повеќе да добивате newsletter кликнете овде
ПСМ Фондација • Архимедова бб, 1000 Скопје • 389(0)2 3103 660 •www.yesincubator.org.mk